ВИДЕО: Комисија за женско претприемништо ќе го подобрува бизнисот во Куманово

Успешни жени претприемачи од бизнис заедницата, од образованието, од здравствениот и од правниот сектор се дел од новоформираната Комисија за женско претприемништво која ќе функционира во рамките на Локалниот економски социјален совет ( ЛЕСС). Комисијата има цел да ги детектира економските проблеми, да даде предлог -решение и помогне во севкупниот развој на општина Куманово. Иницијативата за оваа Комисија потекнува од потпишаната Декларација за соработка помеѓу општина Куманово и Националната Платформа за женско претприемништво и Меморандум за соработка меѓу НПЖП и ЛЕСС. За претседателка е избрана  Наташа Денковска- Бојковски – генерален менаџер на ,,Бучен Козјак”.

-Во комисијата учествуваат 15 успешни жени докажани на локално ниво, дел од нив се од бизнис заедницата, луѓе што веќе се докажани во Куманово како врвни професионалки во женското претприемништво, тука е и директорката на компанијата „Бучен Козјак“, дел од нив се од образованието, зам.директорката на техничкото училиште, директорката на Еуро колеџ, затоа што мора да кажеме каков кадар му недостасува на Куманово, тука е и Донка Петровска, раководител на Сектор за локален економски развој и јас како претставник од ЛЕСС, Дивна Јанкова, координатор за женско претпримништво на СИПР. 15 успешни жени кои имаат големо искуство во женското претприемништво и мислам дека уште од првиот состанок увидовме дека имаме голем потенцијал, можат и ќе работат на успешно спроведување на развој на програма за женско претприемништво, поттикнување на жените да влезат во овие претприемачки води, затоа што жената освен што може, треба да биде обучена, а ние тука како комисија ќе бидеме на располагање да и овозможиме, односно да ја упатиме на многу работи што може да ги направи на локално ниво. Директорката на „Бучен Козјак„ е член и на КЛЕР, Комисија на локален економски развој и честопати беше презентер и кога стануваше збор за поставување фотоволтаици, го пренесе своето искуство на другите стопанственици, има познавања и искуство всушност што работиме ние тука и во ЛЕСС и во КЛЕР, која ни е идејата, затоа едногласно е изгласано од страна на членките и мислам дека од самиот ентузијазам што беше покажан на првата средба мислам дека ова тело навистина ќе функционира и ќе работи се со цел жените да ги охрабриме, да ги запознаеме, да им дадеме навремена информација, затоа со нас е и директорката на Центарот за вработување, да не информира за проекти, се со цел во Куманово да има поголем економски развој, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Совет на општина Куманово.

Недостиг на работна сила, одлив на оспособени и стручни кадри во западноевропските земји, поголем интерес за финансии отколку за обуки се дел од проблемите кои што во иднина Комисијата за женско претприемништо ќе се обиде да ги реши или барем да ги намали.

-Веднаш се истакнаа најгорливите проблеми во економијата. Веднаш беше предочено од страна на претприемачките дека недостига работна сила во Куманово, веднаш се потенцира од страна на занаетчиите дека сите луѓе што влегуваат во таа сфера немаат трпение да ја проследат обуката и се откажуваат, дека најбитно им е колку финансии за таа работа ќе земат,а не да се остручат, тоа се реални проблеми со кои се соочуваме како општина Куманово. Зборувавме и за тоа дека медицинските струки, воопшто струките кои се во Куманово во средните училишта најчесто сме фабрика за производство потенцијал во западните земји, младите не го гледаат својот живот тука, туку напротив гледаат како да се остручат и да заминат со тоа образование на Запад. Оваа комисија исто така ќе работи на оваа проблематика -како да ги задржиме овде на работа младите и како едноставно да ги обврземе, ако веќе следат една обука што е платена од страна на општината, од страна на Црвен крст, од страна на локалните претприемачи да имаат обврска да останат тука и да го сработат она што што е вложено во нив иако многу тешко може да се задржат во земјава, изјави Ѓорѓиевска.

Развојот на женско претприемништво, размена на информации, помагање и охрабрување на жените за започнување на свој бизнис ќе приоритет на Комисијата во наредниот период, потенцира Ѓорѓиевска.

Коментари

коментар(и)