ВИДЕО: Општината инвестира во младите

Општина Куманово годинава ќе поддржи над сто културни настани и манифестации кои што како иницијативи доаѓаат од младински, невладини и граѓански организации. Дека општината верува во идеите на младите говори и фактот што во Куманово е формиран и првиот општински младински центар во државата кој во наредните пет години ќе го менаџира Центарот за интеркултурен дијалог. Младинскиот центар е сместен во просториите на поранешната месна заедница „Тоде Мендол“ во близина на основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“.

– По однос на обезбедување на просторни можности општината располага со поголем број на објекти кои што секогаш бесплатно ги става на располагање на сите овие невладини организации, граѓански, младински здруженија. Ние го отворивме првиот младински центар во државата и истиот го дадовме на стопанисување на невладината ЦИД, дополнително побаравме и од Центарот за култура Куманово, еден од нивните простори кои што порано беа кафуле да се преадаптира во регионален мултикултурен младински центар, се уште немаме одговор од нивна страна, дополнително останатите простори на општината кои што се во наша сопственост, исто така им се ставаат на располагање на младите, да не зборувам за поголем број локалитети, како што е локалитетот Спомен костурница, аеродромот Аџитепе каде што сега наскоро ќе се одржи големиот Мото рок фестивал, Градскиот плоштад кој што секогаш е тука на располагање и многу катчиња во градот, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

Изминатиот период изградени се и голем број на спортски терени во градот кои што секојдневно ги користат младите луѓе, посочува Димитриевски, најавувајќи дополнителни забавни содржини за младата популација.

-По однос на спортски активности, изградивме голем број на спортски терени во градот кои што секојдневно се користат исто така од младите луѓе, а веруваме дека нема да застанеме тука, ќе се обидеме во наредниот период да изградиме и нови детски катчиња и дополнителен број на нови спортски терени, работиме на интензивна реконструкција на градскиот парк каде што одделивме дополнителни средства, каде што покрај содржините во смарт паркот се предвидени и изградби на нови спортски содржини и дополнителни едукативни содржини кои што младите ќе можат да ги користат особено во делот на велосипедизмот, специјални траки за скејтбордери итн, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово.

Инвестирањето во младите е еден од врвните приоритети на општина Куманово.

 

 

Коментари

коментар(и)