ВИДЕО: Отворен ден во гимназијата „Гоце Делчев“ за идните средношколци

Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска организираше отворен ден за идните средношколци. Голем број деветоодделенци имаа можност да се информираат и запознаат со образовните подрачја кои што ги нуди ова средно училиште за кои што говореа учениците од „Гоце Делчев“. Тие го повикаа идните средношколци да го продолжат своето образование токму во кумановската гимназија.

Според Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година, во Гимназијата „Гоце Делчев“ во прва година ќе се запишат 340 ученици во 10 паралелки (306 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на српски јазик) според наставни планови и програми за гимназиско образование и тоа: гимназиско образование – 306 ученици, 9 паралелки, 60 поени минимум мак 272 уч. 8 пар. срп 34 уч. 1 пар. и гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско – француска билингвална паралелка) 24 мак 34 уч. 1 пар.

Коментари

коментар(и)