ВИДЕО: Пожарникарите стручно обучени за справување со предизвиците

Пожарникарите од Куманово се дел од секоја обука што ја организира Дирекцијата за заштита и спасување и се стручно оспособени да одговорат на секој предизвик на најдобар можен начин, рече командирот Дејан Илиевски за своите вработени на денешната седница на Советот на општината.

Советникот Миле Андоновски претходно побара во иднина да се преземат максимални можни мерки за зголемување на способноста и стручноста на пожарникарите во Куманово.

Според годишниот извештај на Територијалната противпожарна единица Куманово, минатата година имало 179 интевенции помалку во споредба со годината претходно.

Коментари

коментар(и)