ВИДЕО: Промовиран проект на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“

„Соработка во визуелните уметности за промовирање на регионалниот културен идентитет“ е насловен проектот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ промовиран денеска на прес-конференција во ресторан Грација. Партнер на проектот е Народно читалиште „Димитар Благоев 1925 “ од Добриниште, Република Бугарија.

Основна цел е развој на туризмот, а специфичната цел е промовирање на соработка меѓу регионалните актери во областа на одржливиот туризам.

Проектот во наредниот период ќе биде имплементиран преку повеќе активности, работилници во Банско и во Куманово, изработка на документарен филм за визуелни уметности во регионот, набавка на опрема за Фондацијата за култура и спорт, организирање на форум за дискусија- Како визуелните уметности и култура го поттикнуваат развојот на туризмот, развој на веб-базирана туристичка платформа за визуелни уметности, форум за уметнички туризам и виртуелна презентација на туристичка понуда на Куманово и културни настани во Банско и завршна прес-конференција на проектот .

-Вредноста на проектот финансиран од страна на ЕУ е 96.152 евра, што е 85 проценти од целокупниот проект, а национално кофинансирање имаме со 16.968 евра, што е 15 проценти од сумата на целиот проект. Периодот на имплементација е од 30.09.2022 до 29.09.2023 година.  Целни групи на овој проект се културни и туристички чинители во Банско и Куманово кои би имале корист од резултатите од проектот и подобрената туристичка промоција, односно понуда, партнерски институции и други локални културни институции, локални самоуправи, претпријатија и институции поврзани со туризмот, рече Марио Арангеловски, в.д.директор на Фондација за култура и спорт „Куманово“.

На крајот на денешната прес- конференција преку интернет врска на настанот се приклучија и претставници на бугарските институции кои се дел од проектот.

Инаку, на шести март годинава во општина Куманово беа потпишани два договори за Национално кофинансирање по програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија.

В.д. директорот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” од Куманово, Марио Арангеловски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов потпишаа договор за проектот „Соработка во визуелните уметности за промоција на културниот идентитет на регионот“.

Истиот ден, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во име на општината  како носител на проектот, со министерот Пенов потпишаа договор за проектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал во Ќустендил и Куманово преку модерна визија за регионите“.

Коментари

коментар(и)