ВИДЕО: Промоција на проект од Еразмус+ во „Наце Буѓони“

Во рамките на проектот „ Стручно образован кадар-темел на современата индустрија“  ученици од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ имаа можност две седмици да престојуваат во Поморие, Бургас и Несебар и да посетат повеќе реномирани компании каде што се стекнале со знаења за нови и современи методи на работа. Проектот од програмата на Еразмус+ се реализираше во соработка со Центарот за европски иницијативи од Република Бугарија, преку грант од Националната агенција за европски образовна програми и мобилност. Учениците, учесници во проектот добија професионални сертификати, а нивните активности денеска беа презентирани во училиштето, пред надлежните, наставниците, родителите.

Коментари

коментар(и)