ВИДЕО: Се нормализира животот во Градиште

Полека се нормализира секојдневието на месното население во Градиште, информира претседателот на месната заедница Марјан Савковски. Екипите на ЕВН се на терен и делумно е стабилизирано напојувањето со електрична енергија во селото, учениците се вратија во училишните клупи, снегот по улиците постепено се топи. Надлежните од општина Куманово информираа дека патот се расчистува од утрово, а  екипите на ЕВН ќе можат да го санираат дефектот . Во Куманово, за зимско одржување на улиците е задолжено јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, додека селата и приградските населби ќе ги одржува избрана компанија на тендер, за што од општинскиот буџет одвоени се над 4, 8 милиони денари.

Коментари

коментар(и)