ВИДЕО: Се одржа Меѓународен фолколорен фестивал на пензионери

На платото пред Центарот за култура денеска се одржа првиот Меѓународен фолколорен фестивал на пензионери организиран од кумановското здружение. На фестивалот настапија играорни групи од шест општини од Македонија и Србија.

-Вкупно шест учесници заедно со нас, Заечар, Лесковец, Врање, Крива Паланка, Кочани и Куманово. Тоа се региони каде што културата и традицијата се слични, па дури и акцентот на зборовите и фолклорот и музиката се многу блиски едни на други, и тоа беше поттик да ни дојдат и да види народот дека ние сме исти народ, народ кој треба да е близок и својствен, изјави Ристо Бошков, претседател на Здружение на пензионери Куманово

Првиот човек на здружението на пензионери од Куманово, Бошков смета дека сите заедно треба да се изборат пензионерите во Македонија да бидат рамноправни со пензионерите во Европа.

-Целта ми е заедно со претседателот повторно зборуваме ако можеме да се избориме пензионерите да бидат испочитувани колку што треба да бидат, сето изградено, доградено е нивно дело и затоа бараме сите пензионери над 75 години да бидат ослободени од партиципација од болнички лекувања затоа што тоа им претставува најгоелм проблем и на нивните семејства особено на нивните поколенија кога на луѓето во седма , осма деценија им треба и нега и почит и работа, изјави Бошков.

Бошков беше избран за нов претседател на здружението во март годинава.

Коментари

коментар(и)