ВИДЕО: Сојузот на борци Куманово ќе одбележи годишнина од формирањето на Трета МУБ

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВ и годинава традиционално ќе ја одбележи годишнината од формирањето на Третата македонска ударна бригада во селото Жегљане. Од Сојузот на борци Куманово денеска ги повикаа граѓаните кои што сакаат да бидат дел од одбележувањето на овој значаен историски датум следните два дена да се пријават во просториите на општинскиот одбор во зградата на поранешен комитет.

-По тој повод на 27-ми февруари( понеделник) годинава ќе одбележиме 79 години од формирањето на славната Трета Македонска ударна бригада. Сојузот на борците ги повикува сите граѓани на општина Куманово кои што се заинтересирани да земат учество да дојдат да се пријават во просториите на Сојузот на борците, во зградата на поранешен комитет, утре (четврток) и задутре ( петок) од 10 до 12 часот, со тоа што ќе треба да се запишат на списокот за одење за да може Сојузот на борците да знае колку автобуси треба да ангажира. Во понеделник поаѓањето е во 10 часот пред зградата на поранешен комитет, а се враќаме после 12 часот. Одбележувањето ќе трае околу 45 минути до еден час, изјави Цоки Ристовски, ОО на Сојуз на борци Куманово

Трета МУБ била формирана на 26 февруари 1944 година во училишниот двор во селото Жегљане, од батаљонот „Стив Наумов“ и кумановските „Јордан Николов -Орце“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“.

Коментари

коментар(и)