ВИДЕО: Утре завршува Меѓународниот сликарски конак „Грација 2023“

Уметници од Македонија, Србија, Косово, Бугарија и Германија изминатава седмица учествуваат на вториот меѓународен сликарски конак „Грација 2023“. Темата за творење е слободна, а техниката со која се работи е акрил и масло на платно, вели уметничкиот раководител и координатор на настанот кумановецот Мики Трендафиловски. Денеска почесен гостин на колонијата беше академик Васко Ташковски.

На колонијата учествуваат Никола Стојановиќ (Србија), Габриеле Шафарцик (Германија), Етхем Бајмак (Косово), Надежда Златкова (Бугарија) , од Македонија Драги Хаџи Николов, Лара Ташковска, Стојче и Еми Тоциновски, Александар Стефановски и средношколката Анастасија Недељковска, како млад талент.

Домаќин и организатор на Меѓународниот сликарски конак е  сопственикот на ресторан „Грација“, Влајко Стојчевски.

 

Коментари

коментар(и)