ВИДЕО: Цветковиќ колекционер на над 200 видови автохтон грав

Над 200 видови автохтон македонски грав поседува кумановецот Драган Цветковиќ, кој веќе 30-ина години се занимава со производство на зачини, храна, земјоделски производи. Зрната ги складира и умножува, а веќе ја постигнал целта семенски материјал, да остане во земјава. Од останатите производители се разликува и по тоа што произведува култури коишто не се толку барани на пазарот. Обновува автохтони сорти на домашна пчелница и пиперка, но има и органско индиско чили. Според него последниве три години значајно е подобрено производството на органска храна, иако засега располагаме со мали количини. Вели сепак ги следиме современите текови и стандарди за производство на здрава храна. Љубовта кон природата и потеклото го натерале да започне да се занимава со оваа дејност. Тој неколку години го организира и саемот Органска трпеза, чија цел е групација на производителите, споделувања на знаењата и поголем пласман на производите.

Коментари

коментар(и)