Водостојот на Пчиња околу просекот

Водостојот на реката Пчиња во кумановскиот регион е во рамките на просечното за овој период од годината.

Последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на мерната станица во селото Пелинце направени утринава покажуваат дека Пчиња има водостој од 66 сантиметри.

Тоа е за еден сантиметар повеќе во споредба со вчера, но и во споредба со просечниот водостој од изминатите неколку години.

Коментари

коментар(и)