Во државата не се увезени краставици со поголемо количества на фунгицид металаксил

Агенцијата за храна и ветеринарство по спречениот увоз во Словенија, информираат дека српски краставици со поголемо количество на фунгицид металаксил не се увезени во Македонија.

Надлежните ја следат состојбата и доколку има потреба навреме ќе реагираат, информираат тие за весникот Вечер.

Инаку на граница за влез во Словенија запрена е испорака на краставици кои потекнувале од Србија и биле наменети за пазарот во Словенија. Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (РАСФФ) соопшти дека на граница се запрени свежите краставици од Србија наменети за словенскиот пазар, бидејќи кај нив бил пронајден фунгицид металаксил.

Станува збор за свежи краставици наменети за понатамошна обработка. По контролата на границата, според РАСФФ, добиле наредба да бидат уништени.

Коментари

коментар(и)