Во општината средба со инспекторите и угостителите

На иницијатива на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Здружението на угостители „Бисер” – Куманово, се одржа работен состанок во општината, на кој присустваа градоначалникот, претседателката на Советот и претставници од Државниот пазарен инспекторат ДПИ, кои ја поддржаа оваа иницијатива со цел да се намалат престапните дела на малолетниците во угостителските објекти.

Претставниците од Отсекот за превенција укажаа на зголемување на бројот на поплаките од граѓаните, нарушување на јавен ред и мир со пуштање на гласна музика во локалите, истакнаа дека се зголемени контролите на терен и дека ќе се преземаат ригорозни мерки против работниците и сопствениците на угостителските објекти, кои послужуваат алкохолни пијалоци на малолетни лица, како и спречување на влез на малолетници во локалите после 24 часот.

На работната средба се дискутираше и за поставување на урбана опрема во угостителските објекти кои се лоцирани во централното градско подрачје.

Коментари

коментар(и)