Изгоре куќа во населбата Карпош

50 годишниот кумановец Цане Спасовски остана без покрив над главата откако утрово во пожар изгоре дел од скромната куќа во која што живее сам, на улицата 514 во населбата Карпош. Сопственикот се сомнева дека неисправната плинска боца која што ја користел за готвење е причината за пожарот што настанал во кујната. За среќа Спасовски во моментот кога чул експлозија се наоѓал во единствената соба која што му остана , но со оштетена кровна конструкција.

-Одеднаш  слушнав пукање, кога излегов надвор гледам дека гори таму  во кујната, кујната изгоре во целост, фрижидер , шпорет, немам ништо сега, изјави Цане Спасовски, социјален случај

Пожарот e  изгаснат за неполни два часа, но Спасовски сега не е во можност  да ја реновира куќата.  Корисник е на социјална парична помош во износ од 1300 денари, а работи сезонски. електична енергија нема во неговиот дом, а вода користи од соседите.

-Апел ако може некој да ми помогне било материјално,  било со парична помош, рече Спасовски.

Првата помош во пакет со храна, душек и ќебе денеска пристигна од општинскаата организација на  Црвениот крст на Македонија . Спасовски се надева дека ќе собере средства  да го поправи покривот  и да изгради нова кујна за да може нормално да продолжи со својот живот во куќата во кја што живее последниве 40-ина годин откако се доселил од кривопаланечко.

Коментари

коментар(и)