Изложба „Допирање души“ во Уметничката галерија

Во Уметничката галерија вечерва во 19 часот ќе се отвори изложбата на слики „Touching souls“-„Допирање души“ на Биљана Јовчевска.

Станува збор за збирка од 30-ина слики. Истите се со мотиви на природа, работени на акрил на платно.

За делата на Јовчевска пред кумановци е предвидено да зборува академскиот уметник, Александар Стефановски.

Настанот се организира со поддршка на Општина Куманово и Музеј Куманово.

Коментари

коментар(и)