Интегра: Најавата за рестриктивни мерки за невакцинираните е антицивилизација

Најавата за рестриктивни мерки на ограничувања од есен, за оние кои не се вакцинирани и кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид 19 е сегрегациона, фашистичка и антицивилизациска во својата основа.

⛔Ја предупредуваме Владата на СДС* дека со таквата најава од страна на министерот Филипче, влегува длабоко во зоната на режимско владеење и загрозување на демократското право на практикување на слободната волја на индивидуата.

▶️Здравиот разум вели дека, тој кој е вакциниран, нели, ако е заштитен од вирусот и од преносителите на вирусот со извесност од над 90%, тогаш е сосема мала веројатноста, според нив, да се зарази одново, а да тоа е смртоносно за него, нели поради зајакнатиот имунитет и отпорност на организмот.

❓Прашањето е зошто, за толку мала веројатност за зараза од пренесен вирус, да се најавуваат толку драстични рестрикции и ограничувања?

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА

Коментари

коментар(и)