Градоначалникот на oпштина Куманово, Максим Димитриевски заедно со претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска и претставници на општинската администрација синоќа присуствуваа на Ифтарска вечер, во организација на Исламскиот младински форум – огранок Куманово, во соработка со општината.
Настанот е во рамки на активностите на месец Рамазан, под мотото „Рамазан, месец на постигнувања”.