Кошаркарките со победа, кошаркарите со пораз

Кошаркарките на Куманово викендов впишаа шеста победа во низа откако на гостински терен го совладаа и составот на Гостивар во рамките на 18то коло од Првата женска кошаркарска лига. Кумановки имаа одлично отворање на натпреварот при што само во првите десет минути на паркетот успешно остварија предност од 12 поени над домаќинот. Веќе на полувреме избраничните на тренерот Мартин Антевски имаа голема предност со резултат 18:30. И вториот дел од средбата продолжи во знакот на ЖКК Куманово иако домаќинот се обидуваше да ја надомести разликата. Во последната четвртина кумановки влегоа со резултат 24:40 и доминираа во играта до последен момент за конечни 31: 51. Ова е шеста победа во низа за составот на ЖКК Куманово кој моментално е на петата позиција во табелата и со ист број поени му дише во врат на Гостивар кој е четвртопозициониран.

Кошаркарите пак забележаа пораз од Гостивар. Натпреварот на гостински терен беше изедначен само во првиот период, се друго им припадна на домашните кошаркари кои стигнаа до релативно лесна победа која ги држи во горниот дел од табелата во Првата лига. Со скромен ростер, гостите од Куманово беа конкурентни само во првите десет минути на гостување во Младост“.

Иако не ги доигра финалните минути, Корсантија застана на скор од 23 поени и 8 скока, Ефремовски имаше добар меч, го заврши со 17 реализации, три помалку даде и Митевски, Жигон имаше 13, а 12 допиша Вучковиќ. Освен Марјановиќ кој финишираше со 19 поени, Рајт додаде 14, Адевунми 12, а Глигоријевиќ 11 поени за составот на Куманово 2009. По 18.одиграни кола, Гостивар е на ефект (12-6), со кој се врати на делба на третото место (заедно со екипата на ТФТ Mozzart), кое носи предност на домашен терен во четвртфиналето на плеј-офот. Куманово е далеку назад, за нив ова беше 14. пораз, а имаат само четири победи, за десетто место на табелата пред последните четири круга од регуларниот дел.

 

Коментари

коментар(и)