Линеарно ќе растат платите на вработените во МВР

Платите на вработените во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемуваат линеарно, заклучно со платата за месец март. Владата ја прифати и усвои информацијата добиена на предлог на ресорното министерство.

Со Зголемувањето се предвидува примањата на вработените да пораснат за 3.086 денари по вработен, но во бруто износ. Министерот Оливер Спасовски истакна дека заедно со Македонскиот полициски синдикат успеале во заложбата да обезбедат зголемување на платите со цел усогласување на примањата на вработените во МВР со растот на минималната плата.

Коментари

коментар(и)