Македонската тениска репрезентација до 12 години на SUMMER CUP 2023

Македонската тениска репрезентација до 12 години предводена од тренерот Далибор Димковски , а составена од младите и талентирани , Марко Алексовски Т.К Југ, Алексеј Стојановски ТК Тумба и Иван Трпковски Т.К. Чери од 26 -ти јули до 31-ви јули во Раковник, Република Чешка настапија на SUMMER CUP 2023 . Овој турнир воедно се квалификации за пласман на Завршниот турнир на 8-те најдобри европски репрезентации. Нашата селеција беше дел од групата А , каде освен ние настапија и БИХ, Украина и Словачка . Б групата беше составена од репрезетациите на Чешка, Словенија, Англија и Естонија. Се игра по принципот: два сингл меча, па потоа мечот во двојки. Избраниците на тренерот Димковски во групата остварија скор од една победа и два порази. Нашиот национален тим во групата ја победи БиХ со 2-1, додека пораз доживеавме од Словачка и Украина. Во групата завршивме како трети, а во мечот за пласман на 5-то место бевме поразени од Англија со 2-1. Тренерот на репрезентацијата на Македонија до 12 години Далибор Димковски беше задоволен од прикажаното од нашите млади тениски надежи и имаше пофалби зборови околу организацијата на турнирот. Турнирот беше одлично организиран. Во дуелот со Украина имавме голема шанса за победа, во одлучувачкиот трет меч во третиот сет во тај брејк имавме водство од 3:0. Со таа победа ке бевме на второто место во групата и ке игравме со репрезентацијата Р. Чешка за прво место и пласман на завршниот турнир меѓу најдобрите осум европски репрезентации кој ке се одржи од 10-13.08 во Дижон , Франција.

 

Коментари

коментар(и)