Марш против „Тиранска платформа “

„ Државата да се зачува, оти друга немаме“ ,  порача од синоќешниот протестен марш Драган  Димитревски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

– Многу ме радува што секој ден не има се повеќе и повеќе да му дадеме  поддршка на претседателот Ѓорге Иванов кој не даде мандат на СДСМ, ниту поддршка за тиранската платформа која води кон разнебитување на Македонија.  Ние нема каде да одиме , РМ е наша држава, изјави Драган Димитревски, граѓанска иницијатива

Жители на Куманово вчеравечер маршот го почнаа од Соколански парк, низ централното градско подрачје до центарот за култура Трајко Прокопиев. Тие уште еднаш ги повторија дека протестираат против  „тиранската платформа“, воведување на двојазичноста, промена на Уставот и за зачувување на унитарноста на државата.

Коментари

коментар(и)