Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 105 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 51 надвор од населено место.
МВР: 156 санкции за брзо возење
