Во текот на вчерашниот ден (08.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 322 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.
МВР: 322 санкции за брзо возење
