Младинската екипа на атлетскиот клуб со нови награди

Младинската екипа на атлетски клуб Куманово повторно со трофеи и оваа година на Купот за младинци на Македонија.

Дводневниот натпревар се одржа викендов во Скопје на Арената Филип II. Се одржаа натпревари во машка и женска конкуренција.

Во женска конкуренција кумановки освоија прво место, а во машка второ место.

За успешните резултати најмногу придонесоа Дијана Вукановиќ, Теа Алексовска, Михаил Стошевски, Марио Пешевски и Давид Тасевски.

Коментари

коментар(и)