Монографија „ 75 години Театар Куманово“

Во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер со почеток во 19 часот ќе биде промовирана монографијата „ 75 години Театар Куманово“. Автори се Кети Дончевска-Илиќ, Симона Тоскиќ, Сашо Костовски и Зоран Зафировски. Промотор на монографијата ќе биде театарскиот критичар Тодор Кузманов.

В петок, во центарот за култура ќе биде поставена изложбата „Лумина егзодус“. Станува збор за инсталација на Владимир Николовски и Марио Стошевски, проект поддржан од националната установа и министерството за култура.

Коментари

коментар(и)