Неколку инфраструктурни проекти ќе се реализираат во јуни, најави градоначалникот

Асфалтирање на улиците „Драган Стопаревиќ”, „Народна револуција”, „Благој Илиев Гуне”, „111” и „112” во населба Карпош, бекатон на две улици во Горно Којнаре, се дел од инфраструктурните проекти коишто ги најави на денешниот брифинг за медиумите, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за реализација во јуни.

Тој најави и реконструкција на водоводна мрежа на неколку локации, фекална канализација. Во текот на овој месец ќе се распише и тендерска постапка за целосна реконструкција на Соколанскиот парк.

На 13 и 14 јуни ќе се одржи Регионален хаб за Западен Балкан на Мрежата на силни градови и Општина Куманово, како заедничка национална работилница, на која ќе присуствуваат градоначалници од државата. Настанот е поддржан од Стејт департментот на САД.

Во рамки на културната програма на 9-ти јуни ќе се одржи изложба на традиционални рачно изработени елементи, народни костими и орнаменти од народни носии „Етно соба и етно музеј“, денеска и утре е Мото фест Куманово.

На 17-ти јуни ќе се одржи пикниг во Пелинце, кој го организира Здружението за уметност и култура, 26-ти е одбележување на излегување на јадрото на кумановскиот партизански одред 1943 од бавчите на Цекови и Тодоровски, 26-ти и 29-ти е детскиот ликовен камп АСНОМ, како и летната школа за литература.

Коментари

коментар(и)