Објавен Конкурс за ликовната изложба „Самоуки 2023“

Традиционалната ликовна изложба „САМОУКИ 2023“ е дел од годишната програма за изложби на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

-Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници од Општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор. Темата е слободна како и техниката, а секое дело треба да е опремено за закачување. Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците за примените дела, велат од Центарот за култура.

Рокот за пријавување трае до 26.05.2023 г. (петок – до 12 часот).

Изложбата ќе биде отворена на 08.06.2023 г.

Информации на тел. 031 415 099 (Роберт Цветковски, Зоран Арсовски и Миранда Фазлиу)

Коментари

коментар(и)