Одбележани 80 години од битката во Пелинце

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Куманово од НОВ ( 1941-1945) денеска ја одбележа 80-годишнината од битката во Пелинце и од загинувањето на Ангел Лазаревски-Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи. Свежо цвеќе пред спомен обележјето во Пелинце положија повеќе делегации, меѓу кои и потомците на Шајче, кој бил роден 1925 година во Куманово, во сиромашно работничко семејство. По занимање чевларски работник, член на СКОЈ од 1941, а на КПЈ од 1943 година. На млади години пристапил на работничкото движење и како активен младинец раководел  со скоевска група. Под окупација , особена активност пројавил  во формирањето на Кумановскиот партизански одред во 1943 година. На 26 јуни 1943 година излегол во првата група кумановски партизани. Станал еден од најпопуларните партизани во кумановскиот крај. Неговата последна борба била  во село Пелинце, на 13 јануари 1944 година против бугарскиот полициски одред ,,Бенковски”.

Коментари

коментар(и)