Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Претставници од „ Отсекот за превенција при СВР Куманово и од Општинскиот совет за превенција на детско престапништво” го посетија дневниот центар „Порака наша“  по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Гостите на „Порака наша“ освен што помогнале во довршување на започнатите пораки, учествувале и во изработка на новогодишните рачно изработени честитки и дискутирале за актуелните теми кои што се важни за превенција на говор на омраза, нетолеранција и насилството, како и потребата од едукација за човековите права, соопштуваат надлежните од центарот. Инаку, „Порака наша“ Куманово е лиценциран давател на социјална дневна услуга за рехабилитација и реинтеграција на возрасни лица со умерена и тешка интелектуална попреченост и доби дозвола за вршење работа во социјална заштита за период од пет години.

Коментари

коментар(и)