Повредени две лица во сообраќајна незгода

Во СВР Куманово вчеравечер било пријавено дека на регионалниот пат Арачиново-Куманово, во атар на с.Никуштак, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 61 -годишен жител на село Отља, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Како што информираат од МВР, по несреќата возачот и неговиот сопатник  од липковско биле пренесени во Општа болница Куманово каде на на едниот му биле биле констатирани телесни повреди, а другиот завршил со тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)