Пожарникарите гаснеле пожари во Куманово и Старо Нагоричане

Екипа од пожарникари од Куманово, но и од Старо Нагоричане синоќа интервенирале на четири пожари.

Како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи се интервенирало на сува трева и стрниште во село Биљановце како и во две села во општина Липково, Матејче и Ваксинце.

Пожарникарите од Старо Нагоричане заедно со колегите од Куманово гаснеле пожар на автомобил во село Младо Нагоричане, каде огнот зафатил стрниште.

 

 

Коментари

коментар(и)