Познато новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ

Новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Бране Петрушевски денеска го промовираше партиското раководство кое ќе го води огранокот во наредните четири години. Новиот тим на општинскиот комитет кој брои 40 членови, е составен од нови кадри но и веќе докажани поединци во партијата. Петрушевски нагласи дека со него ќе бидат луѓе со висок морален и професионален интегритет и кредибилетет, докажни во своите сфери на делување. Информираше дека централниот и извршниот комитет од Скопје прифатиле за потпретседатели на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  во Куманово да се именуваат Филип Филиповски и Тихомир Алексовски, а за секретар Оливер Цветковски.

-Чест ми е да истакнам дека членови на општинскиот комитет се и двајца уметници од светски ранг, Синиша Кашавелски истакнат ликовен уметник и Боби Серафимовски истакнат џез музичар. Уметноста и културата ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја сметала и давала голем значај. Затоа за член на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ  е именуван и Дејан Ѓеорѓиевски, наш кумановски, познат и истакнат археолог-посочи Петрушевски.

Во општинскиот комитет останува и досегашниот претседател на партијата Драган Петковски, актуелниот пратеник Зоран Ѓорѓиевски, членот на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Звонко Богдан, претседателката на Унијата на Жени, Емилија Трајковска, претседателот на УМС Никола Перовиќ и претседателот на советот на ветерани Драган Јаневски. Место ќе има и за лицата кои што ги поминале сите структури на ВМРО ДПМНЕ, Срѓан Ивановски, Александар Стојановски, Радован Ристовски, Мартин Георгиев, Александар Божиновски, Миле Ристовски, Зора Саздовска, Сузана Кузмановска, Бобан Николовски и Дејан Јовановски.

-Освежувањата со нови кадри ќе ни даде нови идеи и вредност во нашето делување. Членови на општинскиот комитет се и Виктор Славковски, Виолета Арсовска, Христина Божиновска, Наташа Јакимовска, Елена Јаневска Розита Симонова, Светлана Цветковска, Оливера Стефановска, Сања Јакимовиќ Петковска,  Сузана Николовска и Александра Соколовска. Месните комитети се наша најважна клетка и основата на ВМРО-ДПМНЕ.  Затоа за членови на ОК се именувани и досегашни претседатели на дел од месните комитети Бојан Серафимовски, Дејан Трендевски, Сашо Стошевски Сашо Додевски, Александар Димитриевски и Томислав Арсовски-додаде тој.

Петрушевски потенцираше дека заедно со членот на извршниот комитет, Игор Божиновски, веруваат дека успехот единствено ќе дојде како резултат на напорна работа, учење од неуспех, лојалност и упорност. Инаку тој по професија е дипломиран инженер по информатички технологии. Професија која вели во денешницата обезбедува убав живот, но мотивот од раната младост, како дете на родители на жртви на како што рече криминалната транзиција на СДСМ, го натерале да се вклучи активно во политиката. Како човек кој живее во мултиетничка средина ќе работи за подобрување на животот во Куманово за сите граѓани. Потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата од кумановци, да го врати сјајот на градот.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)