Полесен пристап до информации за лица со попреченост

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество, Инклузива е задоволно од редизајнот на официјалните интернет страници на општините Куманово и Крива Паланка, со што лицата со попреченост имаат полесен пристап до информациите од јавен карактер. Оваа активност се реализираше во рамки на проектот „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“. Имено на сајтовите е воведен модул кој содржи алатки за зголемување и намалување на фонтот, приспособување на бојата на контрастот и линковите во зависност од потребите на лицата со попреченост, отстранети се анимации кои можат да предизивикаат фотоепилетпични напади.

-Засега најголеми резултати имаат Општина Крива Паланка и општина Куманово, во меѓувреме работи и општина Кратово. Ние дадовме препораки за овие шест општини во североисточен регион презадоволни сме затоа што веднаш почнаа да ги адаптираат сајтовите, ние и денес иако е завршен проектот и активностите на информатичарите им нудиме ментор за поддршка за понатаму како да се адаптираат за да бидат уште подостапни, попристапни, секако резултатот ни дава елан за да продолжиме понатаму бидејќи сме вклучени во подготовка на стратегијата за информатичко општество во Министерството за информатичко општество  и сите овие работи се влезени во новата стратегија-посочи Благица Димитровска,  од Здружението Инклузива.

Од Инклузива посочија дека ќе бараат сите државни институции, но и општини во државата да го следат примерот со редизајн на веб страниците како на општините Куманово и Крива Паланка.

 

 

Коментари

коментар(и)