Полиција и инспектори во контроли на угостителски објекти

Четири часа по полноќ, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Охрид, Куманово, Велес и Тетово, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на 185 локации, информира полицијата. Притоа, констатирани се 5 прекршоци за присуство на малолетници по полноќ, и тоа на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово. При контролите бил констатиран и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје на подрачјето на скопски Чаир, како и два прекршока по Законот за лична карта на подрачјето на СВР Куманово. Од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатирани неправилности запечатени се два угостителски објекта, едниот во Сарај, а другиот во село Арнакија.

Коментари

коментар(и)