Празна актовка ги испаничи кумановци

Празна актовка ги испаничи денеска граѓаните на Куманово.

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека утрово 15- тина минути пред 10 часот граѓанин пријавил дека на улицата „Д-р. Рибар“ пронашол актовка, којa изгледала сомнително.

– Полициските службеници од СВР Куманово веднаш го обезбедиле местото и по извршените проверки било утврдено дека се работи за празна актовка, соопштија од кумановската полиција.

Коментари

коментар(и)