Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово ги привеле 35-годишниот М.Ц од Куманово и неговиот малолетен син затоа што во 20.40 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ М.Ц. се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека неговиот малолетен син физички нападнал полициски службеник, информира кумановската полиција. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.