Приведен кумановец за физички напад врз сопругата

Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода 41-годишен кумановец бидеќи физички ја нападнал неговата сопруга.  Насилникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира Секторот за внатрешни работи Куманово.

Ноќва пак, еден час по полноќ во полицијата било пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу три лица на возраст од 57, 44 и 42 години, сите од Куманово. Полицијата презема мерки за за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)