Приведен 27-годишен кумановец, фатен при кражба

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако полицијата ги затекла при обид да изврши кражба. Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(27 години) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснуваат од полицијата, тој бил затекнат при обид да одземе предмети од објект на улицата „Србо Томовиќ“. С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)