Прскање против комарци во Куманово следната седмица

Општина Куманово информира дека на 21 јуни годинава,  (среда), во раните утрински часови (од 05:00 до 08:00 часот) на територијата на Општината ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци на површина од 1000 хектари.

Прскањето ќе се одвива од кланицата во Доброшане по течението на реката Кумановка, па се до свињарската фарма во село Речица; течение на реките Којнарка и Липковка до пругата во село Бедиње, населбата Долно Којнаре; град Куманово до заобиколниот пат кон населба Карпош до крајот на местото; Менкова колиба, Бабин дол и на потегот до кланицата во Доброшане.

Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

– Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, се додава во соопштението.

Коментари

коментар(и)