Работоспособните приматели на помош ќе се вратат на работа?!

„Евидентно е дека имаме недостиг на работна сила, но имаме и голем број на домаќинства приматели на гарантирана минимална помош, кои се работоспособни. Правиме измени во Законот за социјална заштита за да ги вратиме на пазарот на труд“ рече министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во гостување на националната телевизија.

Таа додаде дека државата не може да си дозволи со години некои луѓе да ги става во системот за социјална заштита, тие таму да се навикнат и да не работат.

Министерката додаде дека тие нема да ги загубат сите права од социјалната заштита, со цел да биде попримамливо пријавувањето за работа.

Нагласи дека за недостигот на работна сила ќе се прави и реорганизација на јавната администрација.

Министерката додаде дека државата едно по едно ги решава проблемите, но дека доколку и покрај овие преземи чекори се види дека недостасува работна сила ќе се размислува за увоз на работници од други држави.

Коментари

коментар(и)