Тешко повреден пешак на „Никола Тесла“

Педесет и едногодишна кумановка била потешко повредена откако во неа удрило возило на улицата „Никола Тесла“, информира СВР Куманово.

Вчера околу 18 часот, во кумановската полиција било пријавено дека на улица „Никола Тесла“, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(19 години) од Куманово, удрило во В.Ц.(51 година) од Куманово. Во несреќата В.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Коментари

коментар(и)