Утре ќе се одржи седница на Советот на општина Куманово

Советот на општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која на дневен ред ќе се најдат 16 точки. Советниците ќе расправаат и одлучуваат по предлог програмата за одржување на јавна чистота и одржување јавни сообраќајници, програми и извештаи од областа на спортот и културата. На седницата ќе се дискутира и за предлог – одлуката за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу општина Куманово и општина Старо Нагоричане, како и за предлог – одлуката за субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта. Советниците ќе расправаат и за предлог – измените и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за годинава.

Седницата директно може да се следи на програмата на ТВ Плус.

Почеток во 10 часот.

Коментари

коментар(и)