Утре ќе се одржи 17-тата седница на Советот која може да ја следите во живо на ТВ Плус

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено политички организации утре со почеток во 10 часот ќе се одржи седумнаесеттата седница на Советот на Општина Куманово.

На дневен ред ќе се најдат 45 точки, меѓу кои предлог – одлука за прогласување на „Почесен граѓанин на Општина Куманово“, извештаи и програми за работа на јавните претпријатија Водовод, Чистота и Зеленило, Пазаришта, Куманово паркинг.

Советниците ќе расправаат и за предлог – решение за одлуката за утврдување цена на влезници за користење на затворен градски базен во Куманово, програма за измена на Програмата за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година, предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово.

На дневен ред ќе биде и годишниот извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“, предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2018 година.

Ќе се расправа и за информацијата за запишување на учениците во I година и актуелни состојби на средните училишта и ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ во Општина Куманово во учебната 2018/2019 година, информација за запишување на училишните обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и актуелни состојби во основното образование во Општина Куманово во учебната 2018/2019 година. Од областа на образованието на дневен ред ќе се и предлог – Одлука за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2018/2019 година, предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основно и средно образование за 2019 година, како и  предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2018 година.

На 17-тата седница ќе се зборува и за предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2018 година, Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година, Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2018 година и Предлог – Одлука за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово.

На дневен ред се и предлог – Одлука за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово; како и неколку урбанистички планови.

На крајот на седницата ќе се зборува и за предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висина на надоместок за покривање на трошоците за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово; како и предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2018 година за ангажирање на 9 (девет) работници преку агенција за привремени вработувања за потребите на општинската администрација на Општина Куманово.

Седницата можете да ја следите во живо на телевизија Плус, како и на нашата веб страница.

 

Коментари

коментар(и)