Хуманитарно летно кино

Волонтерите од општинската организација на Црвениот крст заедно со Центарот за интеркултурен дијалог Куманово, поради големата заинтересираност по втор пат организираа хуманитарно летно кино.

Настанот се одвиваше во училишниот двор на ООУ „Вук Караџиќ“ Куманово, а целта на истиот покрај забава на граѓаните и убаво поминато време, беше и собирање на парични средства кои ќе бидат наменети за лекување на нашата мала сограѓанка Јована, информираат од организацијата.

Ваквата традиција велат ќе продолжи и во форма на зимско хуманитарно кино.

Коментари

коментар(и)