ЦИД презентираше активности од проекти од РИКО

Центарот за интеркултурен дијалог, ЦИД денеска организираше промоција на локални активности од двата проекти, ‘BalCAN Change’ и ‘YOUth on the Mov(i)e’, финансирани од Регионалната канцеларија за младинска соработка. Станува збор за два различни проекти, едниот координиран од ЦИД, а во другиот организацијата учествува како партнер. И двата проекта се залагаат и промовираат интеркултурен дијалог и толеранција, како и поттик на пријателски односи во регионот на Западен Балкан.

-Ова е втора етапа од првиот проект во кој е имплементиравме две локални активности првата беше пинг понг турнирот кој го одржавме на крајот на октомври, каде беа вклучени млади, кои преку спорт заедно промовираа дека сепак сите заедно можеме да другаруваме, бидејќи главната цел е промовирање на соработката, мирот на земјите од Западниот Балкан. Втората активност имавме одржано работилница за креирање и дизајнирање на разгледници кои денеска ќе ги претставиме и ќе им дадеме можност на учесниците кои ги дизајнираа да објаснат која е позадината на самите разгледници-истакна Ивана Стојчевска, ЦИД.

-Вториот проект ќе биде претставен преку седум кратки видеа кои ги изработија учесниците на овој проект. Станува збор за седуммесечен проект кој започна со имплементација во јули годинава и завршува крај на јануари 2019-та. Првата и главна активност на проектот беше обука во Србија на која учествуваа 24 млади луѓе од Македнија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Овие млади изработија седум кратки видеа кои ќе се прикажат по што ќе следи кратка дискусија-дополни Марија Крстевска, ЦИД.

На настанот се обрати и претставникот на Канцеларијата за регионална младинска  соработка, Алберт Хани.

-Денеска ми е посебна чест да ги следам активностите на ЦИД, кои се подржани од нашата меѓународна фондација која е креирана како инспирација на младите и која ги поддржува сите активности, иницијативи кои доаѓаат од младите од регионот на Западен Балкан. Со посебна гордост сум тука затоа што овие активности придонесуваат не само за мирот, помирувањето туку и отвораат нови патишта за соработка на повисоко ниво политичко меѓу местата во Западен Балкан.

Воедно тој информираше дека е отворен повик на Регионалана канцеларија за младинска соработка кој е наменет за средни училишта и невладини организации, кои обработуваат теми наменети за младите. Повикот е отворен до 25-ти јануари. За повеќе информации можете да ја посетите и веб стараната на Регионална канцеларија за младинска соработка.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)