Атлетичарите освоија 14 медали на Државното првенство во Скопје

Вкупно 14 медали, од кои 3 поединечни златни медали и 1 штафетно злато освоија членовите на Атлетски клуб Куманово на Државното првенство за младинци/ки односно за атлетичари/ки под 20 год кое се одржа викендов на националната aрена Филип II.

„Членовите на нашата екипа освоија вкупно 14 медали, од кои имавме 3 поединечни златни медали и 1 штафетно злато. За пофалба е што беше доста помлада екипа, сите наши членови освен еден беа до 16 години, односно 3 год. помлади од максимално дозволената возраст. Поединечно ги освоивме следните медали:

Марио Пешевски трискок 110м пречки

Марко Ристов 100м 200м

Михаил Стошевски 110м скок во височина

Кристијан Чедомировски 110м пречки

Теа Алексовска фрлање кладиво фрлање ѓуле

Лина Аневска трискок скок во височина скок во далечина

Машката штафета 4×400м 4×100м “, изјави Филип Колевски, претседател на Атлетски клуб „Куманово“

Коментари

коментар(и)