Бектеши ги објави производите кои поевтинуваат со „гарантирана цена“ од утре

Министерот за економија Крешник Бектеши ги објави групите на 25 производи кои поевтинуваат со „гарантирана цена“ од утре, односно со објавувањето на одлуката донесена на денешната владина седница во Службен весник.

Станува збор за лепези на леб, пекарски производи, бисквити, наполитанки, пилешко, јунешко, свинско, салама, паштета, кравјо млеко, јогурт, јајца, овошје, зеленчук, сирење, кои според Бектеши на крајот излегуваат 100-тина конкретни продукти.

Бектеши ги повика производителите и трговците да се искоординираат, бидејќи пазарните инспектори ќе издаваат казнени налози со „забрана за вршење дејност“, односно продавниците ќе бидат затворани.

 

Коментари

коментар(и)