ВИДЕО: Автоматска метеоролошка станица во дворот на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“

Управата за хидрометеоролошки работи заедно со Министерство за земјоделство, водостопанство и шумарство поставија автоматска метеоролошка станица во Куманово, во кругот на државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Долно Којнаре. Станицата врши мерење на врнежите, влагата во почвата, брзината, правец на ветерот, атмосферскиот притисок, влажноста и температурата и преку софистицирани софтверски решенија го анализираат ризикот за различни култури.

Повеќе на оваа тема од изјавите на директорката на училиштето Весна Трајковска и помошник директорот Сашо Стефановски.

Коментари

коментар(и)