ВИДЕО: Арсиќ: Владата инвестира во нова водоводна мрежа на улица „Никола Тесла“ во Куманово

„Денеска се наоѓаме на ул. „Никола Тесла“ каде што се гради нова водоводна мрежа, во должина од 2 км, финансирана од Владата предводена од СДСМ. Оваа водоводна мрежа е потреба за граѓаните од оваа улица, но исто така и за населените места од Долно Којнаре.

Износот е 300.000 евра, средтства кои ги обезбеди Владата преку министерството за транспорт и врски. Овој проект е од големо значење за граѓаните од оваа улица, бидејќи азбестните цевки кои се штетни се заменуваат со PVC водоводна инсталација. И покрај еколошкото значење, главно значење е тоа што старата водоводна мрежа имаше постојани дефекти и улицата често беше поплавена, а граѓаните беа без вода.

Сакаме да најавиме и неколку нови проекти, кои ќе се изведуваат во понатамошниот период, а тоа се два инфрастуктурни проекти, финансирани преку министерството за транспорт и врски. Тоа се улицата „300“ од населба Ајдучка чешма, чиј проект е во фаза на тендерска постапка и изградба на нов пат Новосељане- Косматац -Мургаш“, рече Александар Арсиќ, претседател на ОО СДСМ Куманово на денешната прес-конференција.

Коментари

коментар(и)